Утрово по повo верскиот празник посветен на великомаченичките Вера, Љуба, Нада и мајка им Софија света архиерејска литургија се одржа во катедралната црква Св. Софија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј.
Свеченостите во Охрид традиционално продолжија во населбата Лагадин во црквичката – параклис што го носи името на маченичките. Во присуство на голем број верници и граѓани верскиот обред го одржа отец Атанас Казанџиски.
На црковно народен собир меѓу охриѓани беше и градоначалникот Никола Бакрачески заедно со своите најблиски соработници.
Црквата во Лагадин пред 15 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките. Традиционално Патчев и годинава собраните средства ќе ги донира во хуманитарни цели.
Публицитет.мк
Фото: ohrid.gov.mk и publicitet.mk