Вчера во Скопје по повод 19 Мај Светскиот ден на семејните лекари Здружението на лекари по општа медицина во Градскиот парк преку добро организиран настан ги потсети случајните минувачи за обезноста како непријател на севкупното зравје а специјалистите по семејна медицина им делеа совети и препораки.
-Светскиот ден на семејните лекари го одбележавме во Градскиот парк со мерење на индексот на телесна маса на нашите сограѓани. Целта ни беше да ја подигнеме свеста за одржување на телесната тежина и да дадеме совети за здрава исхрана, откажување од пушење и да практикуваат поголема физичка активност на дневно ниво.Всушност тоа е основата за здрав живот.На најмалите им одредувавме криви на раст, рече претседателот на Здружението Драган Ѓорѓиевски.
Во оваа активност лекарите имаа поддршка од фармацевската куќа „Ново Нордиск“.
Публицитет.мк