По повод годишнина од смртта на Цар Самоил, денес, на Самоиловите тврдини се одржа историски час на кој присуствуваа членовите на историските секции од основните училишта. На историскиот час предаваше Љупчо Лотески од НУ „Завод и музеј“, кој подетално ги запозна учениците со историски факти за Самоиловото царство.
Ова практика Локалната самоуправа за подобро запознавање на учениците со значајните историски личности за градот ја воспостави Локалната самоуправа лани.