• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Охрид – Честит празник граду наш!

декември 8, 2016
in Актуелно

Во чест на 8 Декември – Денот на свети Климент Охридски – Патронот на Охрид

 Фотографиите се на Игор Полкапоски, охриѓанецот кој живее во Перт, Австралија ни испрати дузина негови фотографии од вечната инспирација – Охрид, му БЛАГОДАРИМЕ.

Се обидовме во оваа трка со времето да пронајдеме неколку цитати од познати личности и патеписци сврзани со Охрид , но и малку поезија инспирирана од нашиот БИСЕР – Охрид.  

Охрид бил , е и сигурно ќе биде инспирација за сите уметници и поети, писатели, сликари и фотографи… 

 

polkap 1

Ангелот на Света Софија
– Блаже Конески

Tи којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
– о сине тих на мисла сина –
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и – утеха од дните млади –
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќe се згаси.

 

polkap 4

 

Кога во сончев ден се капете во Охридското Езеро, и кога наеднаш ќе изроните од неговите длабочини и кога во еден еден миг ќе ја заплискате водата над себе, околу вас во круг, на мазната светлотемна површина се создаваат сребрени, проѕирни, големи и мали меурчиња. Во секое од нив двапати се огледува сонцето, како две искри со нееднаква големина. Кога ќе се доближете до едно од поголемите меурчиња, и ќе го задржите здивот за да не го разбиете, можете во него како во криво огледало да го здогледате своето лице, влажно и насмеано. А, над вас секогаш останува светлото сонце, како огромна ѕвезда. Сето тоа трае кратко, како секоја убавина, а се повторува безброј пати…

ИВО АНДРИЌ, Нобелов лауреат (фрагмент од патеписот “Крај светлото Охридско Езеро”)

 

polkap 2

 

“Човек би рекол дека пред себе има дел од море истргнат од океанот и фрлен меѓу недостапните планини кои го опкружуваат од сите страни. На Охридското Езеро навистина му одговара името македонско слатководно море…”

акад. Синиша Станковиќ,

(југословенски биолог – 1959)

 

polkap 3

 

Дојди в Охрид – Гане Тодоровски

Во мугрите кога ги растури исток

по небото темно златестите зракој;

штом сонцето тргна проблеснато, чисто,

по пресните следи на нокта и мракот;

езерните далги во утринен блесок

го гушкаат мило крајбрежниот песок,

– тогаш дојди в Охрид!

Кипарисот висок, дабјето крај патот

со ветрот кога ќе запеат песна,

во полето кога се лулее злато,

Дрим разлутен бега под врбите ресни.

Галичица кога ред приказни реди

и мирот со шепот и трепет го следи,

– тогаш дојди в Охрид!

Темнината кога пласт кадифен фрли

и избега денот зад врските снежни;

штом зативне ѕвонот од блиските трла,

врз небото темно ѕвездената мрежа

се дипли, а светот в сон потонал длабок,

сал негде е слушно шумолење слабо,

– тогаш дојди в Охрид!

Во тихата вечер притаена, мирна,

штом месецот тргне по сводот да шета,

и некаде, таму в недоглед ширен,

сакана ѕвезда тој среќен ја срети;

во облесок чуден езерото сјае,

а околу светот се занемел, трае,

– тогаш дојди в Охрид!

 

polkap 8

“Ги посетив црквите во Охрид, ги има околу триесет. Тоа е единствено сведоштво дека помеѓу византиското црковно сликарство, Равена и Сицилија, од една страна, и италијанската ренесанса од друга страна, не постоела празнина. Охрид е значаен мост на европската уметност…”

Сер Херберт Рид,,

(британски историчар на уметност, 1961 г.)

 

polkap 6

“Денес не е можно да се студира византиска уметност ако не се посети Македонија… Гледајќи ги фреските во Света Софија во Охрид, особено се забележува начинот на кој непознатите уметници ги постигнувале ликовните решенија во композициите. Потполно е неоправдано да се зборува за постоење на чиста византиска школа.”

Давид Талбот Рајс,

(британски византолог, 1961 г.

 

 

)polkap

“Во Охрид, во 1945 година, навистина дојдов поради фреските… Запад воопшто не ја познава нашата ренесанса. Запад долго не го сфаќаше словенскиот национален придонес за современото сликарство.”

Иља Еренбург,

(советски писател, 1965 г.)

 

Публицитет.мк 

 

 

 

Посетеност: 91
Share
Previous Post

„Чист Охрид“ – една година од постоењето

Next Post

Свечена академија во чест на Патронот и заштитник на Охрид – св. Климент Охридски

Next Post

Свечена академија во чест на Патронот и заштитник на Охрид - св. Климент Охридски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 91

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk