По идеја на Стојан Стојановски, а поддржано од Куба Либре, Охрид доби онлајн метео систем со Време и Слика во живо со поглед на Охридското Eзеро и Охрид.
Во Куба Либре се инсталираше метеоролошка станица и камера, низ кои од 18 Март 2018 година веќе може секој еден да ја следи во живо мометалната температура, брзина на ветер, воден талог, ув зрачење низ графика и видео од Охрид, а и 10 дневна временска прогоноза. Наскоро ќе биде вметната уште една информација која е во тест фаза т.е. квалитет на воздухот (пм5 и пм10 честички). Планирани се и дополнителни надоградувања за кои ќе дознаете наскоро повеќе.
Ваков вид на системи во светот одамна веќе постојат во туристички и прометни места со цел прецизно инфомирање и афирмација туризмот.
Во Охрид и Македонија е за прв пат и во иднина е планирано проширување во Охрид и Македонија со поставување на други локации на ваков вид онлајн системи.
За системот е креирана под страница на која ќе најдете повеќе информации за понудата на Куба Либре која наскоро ќе биде дополнета со повеќе вид на онлајн информации и услуги.
Подстраницата е како дел од Охрид Инфо, веб портал, приватен проект на Стојан Стојановски кој стартува наскоро и во кој Охрид како дестинација конечно ќе биде преставен низ светот во вистинско светло.
Овој проект го реализираше 2С Студио со своето долгодишно искуство во делот на веб технологии, преноси во живо и промоција на туризмот. Сите заинтересирани може слободно да не контактираат за користење или имплементирање на нашите услуги.
Линк за следење во живо: http://cubalibre.ohridinfo.com/
Публицитет.мк