Во наредните неколку дена, во Охрид, се организираат три ренормирани меѓународни конференции и средба на деканите на електротехничките факултети од регионот. На сите овие конференции, главни носители се професорите и научниот кадар од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ).
Конференциите ќе се одржат во хотел „Метропол лејк ресорт“ во Охрид, почнувајќи од 23 па се до 29 септември.
Утре започнува Конференција „FABOLOUS”, во организација на Европската Алијанса за Иновации и ФЕИТ. Задутре ќе почне Конференција на ETAI (Здружение на Македонија за телекомуникации, електроника, автоматизација и информатика)
На 25 септември е закажана средба на декани на електротехнички факултети од регионот.
Ден потоа ќе започне традиционалното Советување на MAKO CIGRE (Македонски национален комитет во Меѓународната асоцијација за големи електрични системи).
Публицитет.мк