• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, ноември 7, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Охрид е преполн со туристи за новогодишните празници

декември 31, 2016
in Тикер

Сите хотели во Охрид како и помал дел од приватните сместувачки капацитети, се закупени за новогодишните празници. Хотелиерите се презадоволни и се надеваат дека намалувањето на прометот од 10 проценти во последните месеци од 2016 година, ќе го ублажат со претстојниот празничен викенд.

Традиционално, покрај домашните најголемиот број од туристите во Охрид и Струга се од соседните земји, пред се Бугарија, Србија, Албанија и во помал број од Грција.

Гости има и од Црна Гора и Хрватска, а со индивидуални аранжмани, присутни се и одреден број новогодишни славеници и од Велика Британија, Полска и Израел.

Хотелиерите се задоволни што Бугарите, кои еден подолг период апстинираа, повторно доаѓаат, така што токму тие ќе и дадат печат на годинешната прослава.

Колку за илустрација, хотелот „Силекс“  е целосно закупен од гости од Бугарија.Тие ќе доминираат и во хотелите „Гарден“ и „Нова Ривиера“, а присутни се и во двата хотели „Тино“, каде што во најголем број се гости од Србија и Црна Гора.

Охридските угостители за празниците понудија аранжмани од два до пет дена, а цената зависи од категоријата, како и од времетраењето на престојот.

Тридневните аранжмани, на база на полупансион, чинат од 100 до 160 евра, со вклучена свечена новогодишна вечера.

Свечена новогодишна програма, традиционално подготвува и локалната власт на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде присутните ќе ги забавуваат Ѓоко Танески и Елена Велевска.

Покрај во Охрид и во соседна Струга, хотелските капацитети се речиси распродадени.

Извор: www.meta.mk

Посетеност: 113
Share
Previous Post

Среќна Нова 2017 од редакцијата на www.publicitet.mk

Next Post

Иванов упати новогодишна честитка до граѓаните за подобра 2017 година

Next Post

Иванов упати новогодишна честитка до граѓаните за подобра 2017 година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk