Во Центарот за култура „Григор Прличев“, синоќа, ОУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.
На пригодната свеченост на која присуствуваа градоначалникот Јован Стојаноски, директорите на јавните претпријатија, родители и наставници, учениците се претставија со богата културно уметничка програма.
Извор: www.ohrid.gov.mk
Фото: Охрид. гов.мк и Марјан Варе
Публицитет.мк
Денес се навршуваат 113 години од херојската смрт на охридскиот великан, револуционер и војвода Христо Узунов и неговата чета. По тој повод потомците на неговото семејство, делегации на Општина Охрид, институции и организации, положија свежо цвеќе пред бистите на илинденецот во градскиот парк и во легендарното Цер.
Пред споменикот во Цер се одржа панихида за бессмртниот Христо Узунов и неговата дванаесет члена дружина, а децата од ОУ “Христо Узунов“ од селото Другово, имаа пригодна уметничка програма. Пред споменикот на македонските патриоти, свежо цвеќе положија и делегации и организации од соседните градови, Демир Хисар, Кичево и Прилеп.