• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Охрид и Поградец со соларни бродови ќе го заштитуваат езерото

март 22, 2022
in На минување
Охрид и Поградец со соларни бродови ќе го заштитуваат езерото

Во период кога езерото е под будното око на УНЕСКО, надлежните најавуваат мерки за заштита на кревкиот еко-систем.

Охрид, Струга и Поградец со соларни бродови ќе го заштитуваат Охридското Езеро. Во период кога езерото е под будното око на УНЕСКО и му се заканува да биде ставено на листата за загрозено светско наследство, надлежните најавуваат дека наскоро по него би можеле да запловат соларни бродови, со што ќе се заштити кревкиот еко-систем. 

Станува збор за два брода коишто би ги поврзале Охрид, Струга и Поградец. Македонското Министерство за локална самоуправа и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти. Тие треба да подготват физибилити студија за селектирање на тип на компанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охридското Езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија. Крајниот рок за доставување на апликациите е 31 мaрт 2022 година.

Идејата за соларни бродови се провлекува со години наназад. Екологистите во повеќе наврати укажуваа дека ова е еден од начините за да се заштити природата.  

Пред неколку години во Охрид беше презентиран катамаран на електричен погон кој веќе се користи во Хрватска и во некои други поморски земји.Чини околу половина милион евра, а со едно полнење на батериите може да плови речиси цел ден. Се напојува преку соларни панели кои се  монтирани на палубата. Катамаранот се движи со брзина од  17 километри на час, а може да помине 200 километри без никакво надополнување, што е повеќе од доволно за целодневна пловидба.

Еден ваков пловен објект би бил особено значен за заштитено подрачје како Охрид, со оглед на тоа што нема никакви штетни последици врз животната средина.

Извор: www.dw.com 

Посетеност: 93
Share
Previous Post

Николовски од Белград: Србија за Северна Македонија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење

Next Post

Владата донесе Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари и ќе опфати речиси 15.000 лица

Next Post
Владата донесе Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари и ќе опфати речиси 15.000 лица

Владата донесе Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари и ќе опфати речиси 15.000 лица

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 93

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk