Во организација на Министерството за туризам на Р. Албанија, во Тирана се организира меѓународниот саем за туризам.
Оштина Охрид во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија од 6 до 8 април учествува на меѓународниот саем за туризам во EXPOCITY ALBANIA.
По промоцијата на туристичката понуда на Охрид на B2B средбите остварени голем број на работни средби со туристичките агенции и туроператори. Од страна на туроператорите од Р. Албанија, туристичката понуда на Охрид ќе биде вклучена во нивната регионална туристичка понуда.
На вториот ден продолжува промоцијата на Охрид и закажаните средби со туристичките агенции и туроператори.
Извор: www.ohrid.gov.mk