• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Охрид одамна поради „Охридско лето“ требаше да има модерна концертна сала

август 9, 2016
in Аргументи за

Невремето и поројните дождови кои не го одминаа ни Охрид, а нестабилноста трае им задаваат главоболки и на организаторите на „Охридско лето“.

Дел од приредбите од отворените сцени се селат на сцената во Центарот за култура „Григор Приличев“.

Првата таква рокада се случи саботата вечер кога дождот го попречи  настапот на светски познатиот  трубач Сандовал од Куба.

На социјалните мрежи и во медиумите излегоа критики упатени до дирекцијата на фестивалот за наводната обезглавеност и непојавувањето на ниту едно официјално лице  на Антички да и каже на публиката која чекаше на дождот дека концертот се одлага.

dozd

Лавина рекации имаше и пред и по одлуката следниот ден Сандовал да одржи два последователни концерти во Центарот за култура.

Фестивалот очигледно сакаше да не пропаднат билетите и  уживањето на луѓето кои специјално допатувале во Охрид за Сандовал, ама се соочи и со коментари од типот – кому му текна таква голема ѕвезда како Сандоавал да го натера да одржи два концерти еден по еден?

Зависно од кој агол се гледа и сите се во право.

На Охрид му недостига концертна сала која ќе биде на ниво на ѕвездите кои ги каниме секое лето.

Нормално, Антички и Св. Софија и натаму би останале стожерот на манифестацијата која оди кон шестата деценија од постоењето ама салата би била алтернатива но и подиум на кој уметниците би настапувале  а ние  со гордост и без трунка срам и разочарување би ги пречекувале и враќале на бис.

Потписникот на овие редови скоро три децении е во контакт со фестивалот и бил дел од него како известувач и дури и уредник на Информаторот наменет за новинарите кои го следат Охридско лето и памети дека идејата за концертна сала е речиси подеднакво  стара можеби колку и фестивалот.

Охрид и државата ќе треба конечно да смогнат сили да го сторат тој чекор. Вака погледите кон небото само ја уништуваат радоста и желбата за уште некоја прекрасна фестивалска вечер.

1 4

Почитувани, дописот на светскиот познатиот а наш Владимир Василевски – Четкар,  денеска упатен до медиумите  ме инспирира да го напишам претходното.

А, Четкар, вели:

-По лична желба на кубанската музичка легенда Артуро Сандовал, се појавив како специјален гостин на двата концерти  во Охрид на фестивалот „Охридско лето“. 
Артуро не го криеше своето воодушевување од Охрид и од гостопримството на македонскиот народ и изјави дека во најскоро време сака повторно да се врати и да го донесе своето семејство тука.

Сандовал искрено а можеби и од куртоазија рекол дека сака пак да дојде во Охрид.

20160806 235556

Време е, него и сите идни големи уметници да ги дочекаме во услови кои ги заслужуваат и тие  ама и услови рамни на реномето кое „Охридско лето’ со децении го ужива во светот.

Точно, криза е, време на непогоди, лични и колективни трагедии и можеби не е време за да се пишува и мисли на концертна сала.

Сепак, би сакал, а верувам и голем дел од читателите сакаат таа да блесне во Охрид„

Милчо Јованоски, Публицитет.мк 

Посетеност: 116
Share
Previous Post

Сериозни оштетувања на дел од заштитната ограда на патот преку Галичица

Next Post

Охрид одамна поради „Охридско лето“ требаше да има модерна концертна сала

Next Post

Изложба на копии на фрески и икони со ликот на Свети Климент Охридски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 116

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk