Викендов 25 јуни 2022 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираше меѓународниот Таеквон-до ИТФ турнир “ ОХРИД ОПЕН 2022” на кој зедоја учество над 210 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија,Албанија , Грција и Македонија. Можеме да се пофалиме дека беа дојдени најдобрите натпреварувачи од сите клубови , се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби,при што имавме можност да гледаме врвни борби и техники на овај натпревар.
Изразувам најголема благодарност на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме турнир од ваков калибар, а воедно и најазслужен за одличната организација на истиот турнир,истотака огромна благодарност до “Општината Охрид’ што несебично ни помогна да го организираме овај турнир, а за да биде комплетно на највисоко ниво нашиот турнир со пренос во живо и неверојатни убави фотографии ни помогна “Стојан Стојановски” , најдобриот во оваа сфера при што изразуваме огромна благодарност до него и неговата екипа. Истотака благодарност на сите што помогнаа во учество на овај турнир родители, роднини, пријатели итн, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ , поранешен светски вицешампион Прага’96.
Организацијата беше на највисоко ниво иако искуството не е многу на наша страна,направивме турнир што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и од коментарите на сите очевидци. Овај натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ , претседател на судискиот комитет за Источна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство помогна овај турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.
За најдобари клубови на натпреварот беа избрани
1 место: Тајгер тим од Перник
2 место: Тервел 2006 од Севлиево
3 место: Тонг Ил од Нови Сад
Нашиот клуб настапи со 44 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар , за некои прв медал , што ни прави посебно задоволство дека имаме веќе нови генерации кои се спремни и физички и психички за да ги бранат боите на нашиот клуб во иднина. Нашите натпреварувачи вкупно осовија 51 медали, од кои 8 златни, 15 сребрени и 28 бронзени , со што бевме најтрофеен клуб на натпреварот.
Публицитет.мк