Бизнисменот Будимир Соколовиќ – Буцо од Охрид на социјалната мрежа Фејсбук постави фотографија со новоизградена едрилица, која веќе е вистински украс на езерото.
Едрилицата има карактеристично охридско име „Белвица 19“ . Тој преку поставената фотографија и кусиот текст заговара наместо моќни глисери да го параат охридското езерско синило по него во иднина да пловат што повеќе едрилици.

Така , се чини ќе се задоволни сите, еколошки ќе се намали загадувањето на водата а ќе има и ред други предности. За „Публицитет.мк“ , Соколовиќ вели:
-Оваа едрилица на фотографиите е од мојoт пријател, Холанѓанецот Хуго Шарф,сопственик на апартман во Пештани,вљубен во Охрид. Тој има фирма која професионално произведува едра и други неопходни нешта за едрилици.
Едрилицата на фотографијата е изработена во Охрид според негов дизајн ( како традиционално охридско метално кајче). Јас, тука само малку им помогнав на луѓето кои ја работеа околу техничките цртежи и слично.

Ова е убава идеја ете да се даде поттик на езерото да се вратат едрилиците
-Јасно,тоа ми е и целта.Замислете само како би изгледало пристаништено, ова старото и новото кое како што се најавува дека ќе се гради пред хотелот „Палас“ кога ќе се закотвени мали едрилици, Охрид ќе биде како Монте Карло. Лани сакав да купам моќен глисер ама се откажав,не ми одеше некако,не бев 100% убеден,ама за мала јахта едреник,дефинитивно сум заинтересиран. Мислам дека оваа моја идеја ќе ја поддржат мнозина и дека едрилиците се вистинското нешто за нашево езеро, вели Соколовиќ , за Публицитет.мк
Милчо Јованоски, Публицитет.мк






