• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Охрид SOS по јавната дебата за Денот на Охридско Езеро

јуни 22, 2016
in Аргументи за

Вчера по повод Денот на Езерото се одржа јавна дебата во организација на Зелен Институт и ДОМ во Охрид каде што учествуваа бројни граѓански здруженија за заштита на животната средина, но и претставници од приватниот сектор – тур-оператори кои промовираат активен туризам и хотелиери.

Темата на дебатата беше насоката во која би требало да се одвива идниот развој на Галичица и регионот. Дискусијата беше навистина интересна, панелистите имаа исклучително квалитетни презентации и со мали исклучоци речиси сите присутни беа на иста линија – дека на Охрид му треба туризам во текот на целата година и дека уништувањето на природата значи смрт за туризмот во градот со двоен УНЕСКО статус на културно и природно наследство.

Во продолжение ви ги претставуваме заклучоците од настанот, кои ДОМ ќе ги испрати до Зелените европарламентарци со што прашањето ќе се актуелизира и таму и поради што во блиска иднина очекуваме посилна поддршка од ЕП за нашите заложби:

1. Да се спречи уништувањето на природата и да се заштитат охридското крајбрежје и Националниот парк Галичица, со посебна заштита на Студенчишко Блато и другите подрачја со високи природни вредности.
2. Да се прогласи мораториум за планираните „развојни“ и инфраструктурни проекти во регионот и да се обезбеди механизам за спречување злоупотреба на постојните закони за бизнис-интереси на поединци.
3. Да се ревидира менаџмент-планот за Националниот парк Галичица во насока на обезбедување одржлив развој, заштита на животната средина и задржување на двојниот УНЕСКО статус на регионот како природно и културно наследство.
4. Да се сопре незаконското симнување на заштитата на зоните во Националниот парк Галичица.
5. Да се најде начин да се изработи физибилити студија за Смарт Охрид (концепт на еколошки транспорт на потегот Охрид-Св. Наум предложен од НВО „Еко-Свест’) како предуслов за негово спроведување. Со Смарт Охрид се предвидува употреба на соларни и електрични автобуси и други возила, соларни бродови и велосипеди.
6. Да се поддржи реализацијата и мултиплицирањето на Смарт Охрид долж целото крајбрежје.
7. Да се почитува договорот со УНЕСКО за максимум 40% урбанизирано крајбрежје.
8. Урбанизирањето на крајбрежјето да се изведува во согласност со концептот за одржлив развој и УНЕСКО препораките, посебно водејќи сметка за обемот, висината на градбите, како и стилот и видот на употребен материјал.
9. Да се обезбеди реконструкција и надградување на колекторскиот систем според физибилити студијата на Џајка од 2014 г.
10. Да се подигне еко-свеста кај граѓаните и одржувањето на чистотата на охридското крајбрежје со институционална поддршка од локалната самоуправа.
11. Да се поддржи активниот туризам на крајбрежјето и во Националниот парк Галичица.
12. Да се стимулираат еко-туризмот и брендирањето на еко-хотели во регионот.
13. Да се продолжи туристичката сезона со интегрирана понуда за зачувување на културното и природното богатство на регионот.
14. Да се поднесе иницијатива за Надзорна расправа за имплементација на Законот за управување со охридскиот регион во Собранието на РМ.

Охрид SOS 

Публицитет.мк

Посетеност: 113
Share
Previous Post

МОН објави конкурс за упис на државните универзитети

Next Post

АЛПОЈО – ОХРИД – Гордоста на Мексико – Текила

Next Post

АЛПОЈО - ОХРИД - Гордоста на Мексико – Текила

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk