Живее Охрид и неговите жители, навистина нескротлив óд кон прогресот. Малку позитива во овие тмурни времиња…Да уживаме во документарецот од 1984 , напиша на социјалните мрежи споделувајќи го 30 минутниот филм на сегашната МТВ а тогашна РТС охриѓанецот Ѓоко Зороски.
Филмот е дело на тогашната редакција за документрарна програма на Телевизија Скопје предводена од уредникот Сталин Лозаноски, новинарот и раководител на Доиписниот центар на РТС од Охрид колегата Благоја Силјаноски кој се јавува како сценарист и автор на текстот и на камерманот Муџахит Хилми и тројцата од Охрид. Текстот го читаат Миле Попов и легендарната Брнака Станкоска. Филмот зборува за севкупниот растеж на градот крај езерото.
Гледајте го и сигурно мнозина ќе се препознаете или ќе ги препознаете. Охрид пред 36 години. Тогаш и сега. Коментарите се Ваши.
Публицитет.мк