Јубилејот, групата „Чардак“од Охрид во соработка со охридскиот Црвен крст во среда ќе го одбележи со хуманитарен концерт – помош за малечеката Мила.
Деновиве славиме 20 години постоење, активност, дружење, музицирање, уживање на еден “сон” на истомисленици со ист интерес, секако музиката пред се’,…за овие години влеговме во илјадници домови, друштва, локали, со песна и насмевка го прошетавме светот,…бевме секаде каде што се славеше љубовта, верата, другарството, велат од групата „Чардак“ и додаваат:
-Бевме сведоци на многу љубовни приказни кои се раѓаа и преку брак продолзуваат низ животот… Околу нас секогаш имаше насмеани лица со кои сме ги уживале најубавите моменти од нивните животи…
Ви благодариме од срце за се’, за поддршката и енергијата што ни ја додовте да успееме да опстаниме сиве овие години и од деца да пораснеме во личности кои денес чекорат гордо кон својата животна цел.
Овој јубилеј ќе го заокружиме со еден Концерт во градот каде што се родивме како група, во Охрид.
Ке се преставиме со програма “од се’ по малку” од наш иот широк репертоар кој го градевме и негувавме сиве овие години. Гости на вечерта ќе ни бидат познатите естрадни уметници:Наум Петрески, Елена Велевска и Татијана Стефановска,а во оркестарот ќе се придружат и нашите долгогодишни колеги – инструменталистите: Митко Бежаноски, Симе Нелоски и Бајрам Рамаданоски.
Концертот ќе има хуманитарна димензија. Ќе се одржи во среда на 9 мај во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ а влезницата ќе чини само 100 денари. Собраните средства од влезници и донации во кутиите од Црвен крст – Охрид ќе бидат донирани на семејството на малата Мила Димоска од Охрид која боледува од дистрофија (оштетување) на мозокот. За сите што сакаат да помогнат од Македонија и дијаспората во продолжение ви испраќаме информации.
Природата на човекот е таква што секогаш сакаме да му помогнеме на друг, исто како што сакаме и другите нас да ни помогнат, вела членовите на „Чардак“
Публицитет.мк