Екипите на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ вечерва преземаат интензивни активности за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки и останатите јавни површини во градот.
За поголема ефикасност на теренските активности, ставени се во употреба и новите моторни чистачи за снег со дувалка, кои неодамна ги набави Општина Охрид.
Како што информира градоначалникот на Општина Охрид, набавени се десет вакви моторни чистачи со вкупна вредност од 755.200 денари.
Извор:Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески