Во петок 16 септември по 34-ти пат ќе се одржат „Охридски староградски средби“.
На сцената пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 19 часот ќе настапат ансамбли од Охрид, Прилеп, Гевгелија, Скопје и Радовиш.
Влезот е слободен.
„Охридски староградски средби“ е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид и ги афирмира вредностите на староградскиот мелос.