НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид и Народен театар, Охрид Ве покануваат на премиера на театарска претстава „Музичка Енциклопедија“ во режија на Горги Ризески ,четврток, од 19.00 часот во малата сала.
Предпремиерата која ќе е средба со актерите е утре среда во 15.30 часот.
Народниот театар од Охрид во петок 16-ти октомври ќе гостува на фестивал “Денови на комедија” во Куманово, со хит претставата „Детектор за лаги“ режија Ненад Витанов. Ова ќе биде 20-то јубилејно играње на претставата!
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
На матичната сцена во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид,истата вечер на 16 октомври од 20 часот ќе гостува актерот Петар Темелковски „ Сто години после Јане
Сандански“ во изведба на актерот Петар Темелковски. Влезот ќе биде слободен.
Публицитет.мк