Комитетот на светско наследство на УНЕСКО на својата 43-та сесија која се одржува во Баку, Азербејџан, денеска официјално одлучи Охридскиот регион да не биде впишан во Листата на Светско наследство во опасност.
Ова на својата официјална ФБ страница го објави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
-Оваа одлука се заснова на констатираниот напредокот во реализацијата на препораките од мониторинг мисијата на УНЕСКО од 2017 година и нашите заложби за успешноста на овој процес.Доделен ни е дополнителен рок за реализација на останатите препораки, а нашиот регион ќе биде на дневен ред и на 44-та сесија на Комитетот за светско наследство во 2020 година, напиша градоначалникот Георгиески и најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во неговото враќање во Охрид.
Публицитет.мк