
Охридскиот народен театар ќе ја одигра театарската претстава „Метод“од Жорди Галсеран, утревечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
Режисер на претставата е Ирена Стеријовска, а во неа играат Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов.
-Оваа претстава зборува за последното интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството, воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на „големата слика” и го поставува прашањето колку е всушност голема „големата слика“, вели режисерката Стеријовска.
Народниот театар од Охрид е првиот којшто го преведува и поставува најпоставуваниот современ шпански текст во регионот.
Публицитет.мк







