Во Скопје во тек е 42 издание на меѓународниот саем ТЕХНОМА 2016
Меѓу бројните излагачи од земјава и странство се и трите охридски фирми кои на сопствените штандови го презентираат асортиманот од производи и услуги.

Фирмата БВЦ – Дооел Охрид е ексклузивен застапник, увозник и дистрибутер на неколку Унгарски производители на полимерни суровини, за пазарите во Македонија , Албанија и Косово. Фирмата БВЦ која бележи континуирано успешно работење постои од 1995 година.

Исто така , и ПАП Охрид е трговско друштво со долгогодишна традиција во областа на изработка на светлосни реклами и електронски производи за надворешни и внатрешни обележувања.

Железник АД е трговско – акционерско друштво од областа на црната металургија, кое се занимава со производство и продажба на ниско – јаглероден челичен гранулат и разни видови на челични одлеаноци.
Саемот ТЕХНОМА е важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, па поради тоа со самите новитети кои секоја година овој саем ги прикажува, граѓаните сè повеќе се интересираат и го посетуваат. Според најавите се очекуваат повеќе од 25 илјади посетители.
Публицитет.мк






