
Под мотото „Играме и пееме за Сара“ охридските новинари и фолклорниот ансамбал „Бисери“ во недела на 28 октомври наместо najaveniot – еден организираат два хуманитарни настани за поддршка на 15 годишната Сара.
Во недела од 11 часот во ЦК „Григор Прличев“ јуниор забава за најмладите. На сцената ќе настапат „Весели бисерчиња“, изведувачи од „Распеано рибарче“ , музичките таленти на ОМУ „Методи Патче“ , а куклениот театар при образовниот центар „Atlas World“ ќе ја изведе претставата „Си беше еднаш“.
Влез 100 денари. Влезници ќе се продаваат на билетарницата од ЦК „Григор Прличев“ и низ охридските градинки.
Истиот ден, ( недела на 28 октомври) од 19 часот забавата продолжува во Спортската сала „Билјанини Извори“, каде ќе настапат музичари и повеќе уметници од Охрид и Струга.
„Камелеон“, ФА „Бисери“, Петар Нечоски, Жармена и Китрос, Каролина и Оли, „Јован и Јован“ , „Дуо Black moon “, Дамјан Пејчиноски, Ивана Коскоска, ученици од Средното државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец од Струга и други. Влез 100 денари. Влезници ќе продаваат волонтерите на Црвен крст Охрид но и на билетарница од СРЦ „Билјанини Извори“ непосредно пред почетокот на настанот.
На настанот ќе се придружи Здружението ЖЦ „Бисера“ Охрид, кој организираат базар со храна- вкусни домашни специјалитети, кои ќе се продаваат по симболична цена.
Сите собрани пари ќе бидат веднаш донирани на семејството Настески.
-„Целта е да се анимираат сите , почнувајќи од најмладите преку тинејџерите , па се до возраснита, час поскоро да и се помогне на нашата Сара Настеска“, велат организаторите.
На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.На семејството потребни им се 200 000 евра за нејзино лекување во Германија.
Благодарност за поддршката од ЈП „Билјанини Извори“ и ЦК „Григор Прличев“ каде што ќе се одржат двата настани, како и на „LABINO SOUND“, кои ќе се задолжени за озвучувањето.
Недела нека биде ден за Сара!
Публицитет.мк






