Министерството за образование и наука го објави конкурсот за запишување на ученици во средните училишта во учебната 2019/2020 година.
Вп Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ во Охрид, во прва година ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за Гимназиско образование. За упис се потребни минимум 60 поени.
Во Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик. Во економско-правна и трговска струка има место за 136 ученици во 4 паралелки. Идните средношколци кои планираат да се запишат во оваа струка треба да имаат најмалку 60 поени. И во текот на наредната учебна година во ова училиште ќе биде формирана една паралелка со 34 ученици кои ќе ја изучуваат здравствената струка –мединска сестра. Тие треба да имаат минимум 70 поени.
Во Електро-машинскиот училиштен центар „Свети Наум Охридски“ во прва година ќе се запишат 424 ученици во 13 паралелки (356 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава наалбански јазик) според наставните планови и програми за: Машинска струка – 93 ученици, во 3 паралелки, во Електротехничка струка – 229 ученици во 7 паралелки, во Сообраќајна струка ќе има две паралелеки со вкупно 68 ученици, како и 34 ученици во една паралелка за техничар за козметичка нега и убавина.
Во Општинското средно угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за: Угостителско-туристичка струка – 238 ученици, 7 паралелки и во Хемиско-технолошка струка – 68 ученици во две паралелки.
Публицитет.мк