• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Охридско лето дел од ЕФА делегацијата во Кина

октомври 11, 2016
in Култура

Претседателот на УО на Фестивалот „Охридско лето“, Зоран Вељаноски Летра, е дел од ЕФА делегацијата која од денеска па се до 16-ти овој месец ќе биде дел од 18-от Меѓународен фестивал, Форум и Саем на изведувачки уметности во Шангај Кина ( Цхина СПАФ 2016).

 Високите преставици на Европската асоцијација на фестивали, меѓу кои се и поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ заедно со Хуго де Греф генералниот секретар на ЕФА, Ибрахим Спахиќ од Меѓунатодниот Фестивал во Сараево, Карла Хулијано од Шпанската асоцијација на класична музика и други, за време на петдневниот престој во Кина ќе посетат повеќе фестивалски уметнички работилници а ќе имаат прилика да се запознаат и со изведувачките уметности карактеристични за Кина.

zoran letra copy

-„Охридско лето”, како наш најголем и најпрестижен Фестивал, мека на уметниците во музиката и во театарот, со богата и трајна традиција значајна за Охрид и Македонија, ќе биде дел од овој голем светски собир каде присуствува културната елита од Европа и светот. Ова е навистина одлична можност да се презентира Охридско лето како врвен фестивал кој повеќе од половина век ја надградува својата репутација на елитната културна сцена. Со тоа што сме дел од вака значајна делегација која присуствува на еден голем настан само потврдува дека „Охридско лето“, ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските стандарди, вели Вељаноски-Летра.

Првиот човек на УО на „Охридско лето“ е убеден дека Фестивалот , како дел од Европската Фестивалска Асоцијација, ќе продолжи со успешните приказни за да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал.
Меѓународен фестивал, Форум и саем на изведувачки уметности во Шангај Кина се одржува од 1999 година и е еден од најпознатите меѓународни фестивали поддржани од Кинеското министерство за култура и градот Шангај. На овој реномиран фестивал секоја година учествиваат повеќе од 600 делегати од над 30 држави од светот вклучувајќи ги директорите и еминентните претставници од над 70 различни меѓународни фестивали од целиот свет.

Публицитет.мк 

Посетеност: 53
Share
Previous Post

Честит празник од Публицитет.мк

Next Post

Здружението на Титоисти од Охрид ни го честита празникот 11 Октомври

Next Post

Здружението на Титоисти од Охрид ни го честита празникот 11 Октомври

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 53

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk