• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„Охридско лето“ донесе моќна, виртуозна игра на харфа

август 1, 2017
in Култура

Светски познатиот виртуоз на харфа, Емауел Сејсон од Франција синоќа имаше импресивен настап во црквата „Света Софија“ во Охрид, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Со неговата моќна, виртуозна игра на харфа, Сејсон ги отстрани сите клишеа поврзани со неговиот инструмент. Преку неговиот „заразен“ ентузијазам и безграничната енергија, младиот уметник ја откри харфата во сета своја пенлива раскош, во свет во кој поезијата е во рима со темпераментот.

– Многу сум среќен што настапив во црквата „Света Софија“, многу мирно и волшебно место.Црквата е магична за концерти. Што се однесува до репертоарот, за публиката на „Охридско лето“ синоќа доловив малку поразнолика програма, од  постара музика, па се’ до помодерни дела. Од Бах, преку Шпор, до Рение, Дебиси,Форе и Салзедо. Многу е импресивно што може да направи  харфата  во вакви дела, истакна Емануел Сејсон.

Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали како „Вигмор хол“ во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертхаус“ во Виена, салата на Берлинската филхармонија и многу други  каде редовно неговите настапи  во рецитал, концертен репертоар и камерна музика добиваат високи пофалби од критиката.

– Првпат настапувам на фестивалот „Охридско лето“, но слушнав дека  е најреномиран фестивал со многу концерти на звучни имиња од светот на музиката. Инаку, во Македонија сум настапувал трипати заедно со Македонската филхармонија, додаде Сејсон.

Неговата непоколеблива посветеност кон харфата, му ги заработи највисоките меѓународни признанија. Во моментов, тој е соло-харфист на операта „Метрополитен“ во Њујорк и предава харфа во школата за музика „Менс“.

Публицитет.мк 

Посетеност: 76
Share
Previous Post

Цел месец преполн со музика и песни во ресторанот „Лихнидос“ – резервирајте!

Next Post

Решението на проблемот со дизелот го нуди човековото тело?

Next Post

Решението на проблемот со дизелот го нуди човековото тело?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 76

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk