Директорката на НУ „Охридско лето“, проф. Наташа Поповиќ денеска му врачи плакета на Н.Е. евроамбасадорот Дејвид Гер.
Плакетата се доделува во знак благодарност за поддршката што Амбасадата на Европската унија во земјава ја дава секоја година на фестивалот „Охридско лето“.
Со години наназад, Вечерта на Европската унија на која настапуваат најдобрите уметници од Европа, е традиционална на фестивалскиот репертоар.
Инаку, фестивалот „Охридско лето“ годинава одбележа 60 години од своето постоење. И покрај кризата предизвикана од ковид-19, годинешната организација беше беспрекорна, со почитување на сите здравствени протоколи од страна на тимот, уметниците и публиката.
Публицитет.мк