• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„Охридско лето“ вечерва ја одржува традиционалната „Вечер на ЕУ“

јули 18, 2021
in Култура
„Охридско лето“ вечерва  ја одржува традиционалната „Вечер на ЕУ“

Традиционалната Вечер на Европска унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде одржана вечерва под мотото „Бах во етерот“.

Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат кларинетистот Мате Бекавац и флејтистката Ирена Графенауер.

 41

Мате Бекавац се смета за еден од најзначајните кларинетисти на неговата генерација, и покрај неговата релативна „комерцијална срамежливост“.  Роден во Љубљана, основното музичко образование го завршува во родниот град, а потоа студира на Универзитетот во Грац со Б. Ковач, магистрира на „Моцартеум“ во Салцбург во класата на А. Брандхофер. Образованието го комплетира и на престижната школа „Џулијард“ во Њујорк во клсата на Ч. Најдих и во Париз на Парискиот конзерваториум со Мишел Арињон. Носител е на наградата „Моцартеум“ во 1992 година, наградата на евровизиското жири за класична музика во Варшава (1994), Гран при на натпреварот „Јамаха“ во Виена (1994), како  на натпреварите во Лисабон (1994), Севиља (1994) и Белград (1997). Како солист настапува со камерниот оркестар „Франц Лист“, Капела Истрополитана, Камерата Израел, Московски солисти, ансамблите Салцбуршки солисти, Минхенски солисти и Загребски солисти, како и со повеќе симфониски оркестри во Германија, Швајцарија, и со сите словенечки оркестри.

Камерната музика зазема многу значајно место во музичкиот живот на Мате Бекавац, па така тој соработува со:  Гидон Кремер, Јури Башмет, Лин Харел, Хајнц Холигер, Ирена Графенауер, Берлинскио гудачки квартет, како и квартетите „Минге“  и „Дориц“, Елена Башкирова, Катиа  Буниатишвили, Патриција Копачинскаја,  Сол Габета, Алина Ибрагимова, Франс Хелмерсон, Николас Алтштед, Максим Рисанов, Антоан Таместит, со членовите на Метрополитен оркестарот, Баварското радио и Лондонскиот симфониски оркестар. Од диригентските имиња со кои настапува се издвојуваат: Хаитинк, Јансонс, Харнонкур, Мазур, Мехта, Дејвис, Јарви, Макерас, Перахиа, Перлман… Тој е чест гостин на фестивалите : Локенхаус, Ерусалим, Базел, на фестивалот „Рајнгау“, фестивалите во Лудвигсбург, Дубровник, Луцерн и Минхен. Како соло кларинетист настапува во оркестарските состави на Камерниот оркестар на Европа, Камерниот оркестар „Малер“ и Кралскиот концертгебау оркестар во Амстердам.

Ирена Графенауер (1957) е родена во Љубљана и мајсторството на флејтата го стекнува учејќи со Борис Чампа, Карлхајнц Золер и Аурел Николет.

Музичкото образование го започнува на 8-годишна возраст, а по завршувањето на Музичката академија во Љубљана во 1974,  таа продолжува да студира кај Карлхајнц Золер и Аурел Николет. Победува на три меѓународни натпревари и тоа: Белград (1974), Женева (1978) и Минхен (1979). Од 1977-1987 година таа е прв флејтист на оркестарот на Баварското радио во Минхен каде работи со Рафаел Кубелик, Сер Колин Дејвис и Леонард Бернштајн. Во 1987 година се здобива со професорско место на академијата „Моцартеум“ во Салцбург. Концертира низ цела Европа, но и во САД, Јапонија и Австралија, а редовно настапува со Гидон Кремер, гостин е на неговиот фестивал во Локенхаус и настапува на турнеи со „Кремер и Пријателите“. За своја дуo- партнерка долги години ја има харфистката Марија Граф, а соработува и со дуото од Берлинската филхармонија Бауман-Стол, со пијанистите Олег Мајсенберг, Роберт Левин и Хелмут Дојч, со гитаристот Елиот Фиск и со квартетот „Керубини“. Особено е длабока нејзината врска со Мате Бекавац со кого буквално „живее музика“.

Ирена Графенауер има обемна дискографија снимена за Филипс, Сони и други издавачки куќи. Откако во 2003 е дијагностицирана со леукемија, ретки се нејзините појавувања на концертните сцени.

Посетеност: 124
Share
Previous Post

„Годови“ –трајно сведоштво во архивите на МРТ за растот и развојот на „Охридско лето“

Next Post

Денес им е роденден: Силвана Деловска – Митрев

Next Post
Денес им е роденден: Силвана Деловска – Митрев

Денес им е роденден: Силвана Деловска – Митрев

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 124

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk