Дека зајдисонцата во Охрид се убави во сите годишни времиња потврдуваат и фотографиите што ни ги испрати нашата редовна читателка Силвана Ереш од Охрид.
Силвана вели дека ги направила вчера – среда кај Потпеш. – Уживав во погледот, мирот и спокојството и спектарот од бои. Не сакав да сум себична и еве ви ги праќам да ги погледаат сите кои знаат да ги ценат убавините на нашиот Охрид, ни вели Ереш.
И навистина – прекрасни се. И тие ја потврдуваат секогаш и често споменувата мисла дека Охрид е Рај и можеби едно од најубавите места на планетата Земја.
Се разбира, како велат без претерувања.
Согласни сме дека убавините се распослани и во други предели, земји и континенти.
Сигурни сме дека мнозина ќе уживаат во зајдисонцето и неповторливите бои кои можат да се видат само на охридскиот хоризонт.
Фото: Силвана Ереш
Публицитет.мк