Во водите на Охридско Езеро кај Лин – Албанија денеска бile пуштени 1,5 милиони парчиња подмладок на охридска пастрмка.
На настанот меѓу другите според информацијата од општина Поградец присуствувал и Бленди Чучи , министер за земјоделство и рурален развој во албанската Влада . Според него од година во година се зголемува количината на подмладок со кој се порибуваат езерските води.
-Денеска пуштивме рекордна бројка.Тоа е резултат на нашата посветеност за збогатување на рибниот фонд,изјавил Чучи. Според него количината подмладок на пастрмка со која е порибено езерото „ е далеку поголема од количната со која езерото се порибува од македонска страна.
Министерот Чучи најавил засилени мерки за заштита на рибниот фонд,пред се ригорозни казни за оние кои на недозволен начин ќе ловат риба.
Градоначалникот на Подградец Илир Џаколи најавил дека догодина денот кога ќе се порибува езерото ќе биде организирана неколкудневна прослава во селото Лин, насловена како „Празник на пастрмката“.
Публицитет.мк