Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 11 годишна наша сограѓанка која боледува од леукемија и потребно е да и се изврши итен оперативен зафат за пресадување на коскена срж. За операцијата која ќе се изведува во Германија потребни се финансиски средства.
Црвен крст Охрид започнува хуманитарна акција за собирање на финансиски средства за операцијата и на повеќе локации во градот мaркети, кафулиња, хотели ќе постави собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.
Својата хуманост со донирање во собирни каси на Црвен крст Охрид ќе можea да ја изразат и посетителите на театарската претстава Просветителска импровокација синожа во Центарот за култура Григор Прличев, како и публиката на концертот на Горан Трајковски што се одржа на Градскиот плоштад во Охрид .
Денеска – петок со почеток во 18 ч. на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски младите охридски музички таленти ќе одржат хуманитарен концерт.
Може да се донира и на следната жиро сметка 210-7000006464-47 во НЛБ Тутунска банка.
Да се мобилизираме во хуманоста и помогнеме да се спаси еден млад човечки живот, порачуваат од Црвен крст – Охрид.
Публицитет.мк