Македонската актерка Сара Климоска е избрана за една од десетте – филмски европски ѕвезди во подем за 2021 на Европската филмска промоција.
Настанот е составен дел од Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Со неполни 27 години и завршен Факултет за драмски уметности таа има завидна меѓународна и домашна филмска и театарска продукција. Игра главна улога во Врба, последниот филм на Милчо Манчевски кој е македонски кандидат за Оскар. Од пред два дена Врба се прикажува и низ САД поточно премиерата беше во Лос Анџелес.Зад себе ја има и улогата во австралискиот филм НЕМА ДА БИДЕШ САМА во режија на Горан Столески кој живее во Австралија а играла во фрнцуски, турски и српски филмови и серии.
И покрај короната изминатата 2020 за Сара беше плодна. За актерскиот сон и игра со неа разговараше Милчо Јованоски. Дел од интервјуто премиерно беше емитувано неодмана на програмата на државното австралиско радио СБС во рамките на програмата на македонски јазик.
Публицитет.мк