Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот се искачи на околу 30.000.
Две третини од нив се регистрирани во Европа, а една од најтешко погодените земји во светот, Шпанија, денеска пријави 838 смртни случаи.
Во оваа земја, вкупниот број на жртви досега е 6.528 и земјата. Шпанија е на второ место по Италија, каде што се регистрирани над 10.000 жртви. Вкупниот број на заразени се искачи на 78.797, соопшти шпанското министерство за здравство и тоа земјата ја става на четврто место во светот по заболени лица.
Во светот се потврдени околу 670.000 луѓе позитивни на корона вирусот.
Публицитет.мк