Вирусот „Зика“ беснее во Бразил и претставува сериозна закана за претстојните Олимписки игри во Рио што треба да се одржат од 5 до 31 август годинава.
Се уште постои неизвесност за тоа колку е голема опасноста од вирусот и во тој контекст се зголемуваат превентивните мерки, но и загриженоста на организаторите.
Според истражувањата, вирусот „Зика“ од Полинезија беше пренесен во Бразил за време на Светското фудбалско превенство во 2014. За овој спортски настан земјата ја постија стотици илјади туристи и се проценува дека тогаш со вирусот во Бразил се инфицирани повеќе од половина милион луѓе. Постоењето на вирусот беше откриено неодмана кога лекарите во Бразил алармираа на значително зголемениот број на вродени дефекти кај новороденчињата, посебно во Рио и во неговата околина. Подоцна беше потврдено дека причина за тоа е токму вирусот „Зика“ кој го пренесуваат комарци. Освен деформитети, овој вирус предизвикува и долгорочна парализа и засега се уште нема лек ни вакцина за болеста.
Неколкумесеци пред ОИ во август, мистериозната епидемија станува многу опасна и предизвикува паника и тензија меѓу олимпијците, организаторите, раководството на ИОК и властите во Бразил.
„Опасноста постои, но засега не е отворена тема за евентуално рпеместување на Игрите од Рио на некое друго место поради вирусот „Зика“. Организацискиот комитет на Игрите веќе презема соодветни превентивни мерки, како што е спроведување на дневен одвод на стоечката вода во олимписките објекти. Исто така ние подготвуваме и програма за психолшка поддршка за олимпијците што се плашат од вирусот. Сите тимови од нас ќе добијат целосен пакет со информации за заканата и мерки за заштите против комарци. Заканата е сериозна и ние сериозно пристапуваме во решавање ан проблемот и за Олимписките и за Параолимписките игри во септември “– изјави Марио Алмада, портпарол на Организацискиот комитет на ОИ во Рио.
Вирусот „Зика“ е уште една точка на растечката листата на проблеми за Организацискиот комитет на ОИ во Рио. И покрај ветувањата дека ќе се реши проблемо, високиотб степен на загаденост на водата предизвика протести кај спортистите, избија скандали за поткуп во изградбата на олимписките објекти, и проблеми со пробиените рокови за изградба и над сето тоа како главен проблем над ОИ виси економскиот колапс на Бразил.
За време на кандидатирата на Рио де Женеиро за домажин на Игрите, финансиската состојба на змејата беше многу поинаква, економита цветаше. Но, сега земјата е во длабока рецесија која би можела значително да ги намали средставата за Олимписките игри, а исто така предизвикува бројни немири и протести во земјата. А, тука е и прашањето за безбедноста на учесниците што стана еден од најголемите проблеми на масовните настани во светот, поради терористичките закани од ИСИС. Сето тоа резултира со катастрофална продажба на билети за олимписките натпревари.
„Луѓето масовно се јавуваат и се распрашуваат за можноста за враќање на билетите. Ова посебно зачести по појавата на опасноста од вирусот „Зика“. Тоа е многу тешка ситуација и веќе имаме проблеми затоа што луѓето купиле билети, резервирани се места во хотелите и превоз“ – признава Анбрит Стенгел, шеф на „Спорт Патник“, компанија за продажба на пакети за спортските настани.
Опасноста од вирусот „Зика“ останува еден од најголемите проблеми за организаторите на ОИ во Рио на шест месеци пред стартот на Игрите. Сите заложби на научниците засега се конкретен резултат. Проблемот единствено го ублажува фактот дека во август во Рио температурите ќе бидат многу пониски од сега и тоа време не е многуи погодно за комарците.
Извор: www. ekipa.mk