Оливера Ширговска е од Кичево. Пишува поезија и проза. Таа е претседател на Литературниот клуб ,,Китка “од Кичево. Има издадено 11 книги, а во подготовка и се уште 2 романи. Наместо ние да прашуваме – предложивме таа да ни раскаже. Оливера Ширговска во прво лице еднина.
За себе и за семејството…
Оливера Ширговска, родена сум во Кичево 23.02.1973 год. Основно и средно образование завршив во мојот роден град, каде и ден денес живеам со моето семејство. Мажена сум и мајка сум на два сина.
Како почнав да пишувам…
Идејата да се дружам со зборовите, кај мене се роди сосем спонтано, на едно патување со жените кои се членки на Мулти Културното здружение ,,Вешта Жена”, каде всушност и ја напишав мојата прва поема. Активна членка сум веќе неколку години, а во 2012 год ,бев избрана за вешта жена на град Кичево. Од тој ден, се до денес јас постојано пишувам, со надеж дека моите дела ќе и’ се допаднат на читателската публика.
Создадов поетски и прозни дела…
До сега имам издадено три романи , и четири стихозбирки. Првиот ,,АЊА” во 2013 год. Ања е љубовен роман со доста интересна содржина. Судбински предодреден да биде роман – првенец кој ќе го означи почетокот на пишувањето.Интересна љубовна приказна за две жени кои ќе ја доживеат љубовта , а подоцна клучот за среќата ќе биде благословот на едната од нив. Романот,,СРЦЕ ”следи две години подоцна во 2015 год. Срце е роман кој претставува еден прекрасен сплет на човечки судбини, љубовен и семеен роман кој носи порака, дека секој во животот заслужува втора шанса.Третиот роман носи наслов ,,СКАНДАЛ ”(2018) – роман со фантастична интересна содржина, во кој двајцата млади се среќаваат токму во мигот кога судбината ќе ги донесе на иста страна. Се раѓа љубов која ќе биде ставена на испит, љубов која ќе преживее се` и ќе се бори. Романот всушност ја раскажува љубовта на двајцата млади која ќе се роди сосем неочекувано, под светлата на рефлекторите во казиното во Гевгелија. , во кој љубовта ќе успее да ги победи сите препреки. . Романите ,,СКАНДАЛ ‘ и ,,СРЦЕ ” се наградени за романи на годината , имам добиено награди и признанија, во областа на културата . Јас пишувам и поезија , стиховите ми претставуваат мотив повеќе, да не се откажувам од денот во кој живее мислата, преточена на белиот лист хартија. Ги издадов стихозбирките ,,КРИЛЈАТА НА ЉУБОВТА”(2018) , ,, ЉУБОВЕН ТАНЦ ”(2018) и ,,БЛАГОСЛОВИ ”(2018) , збирката раскази ,,Девојчето со стаклени очи “ (2020).
Го следам трендот ме има и на новите медиуми не само во печатена форма…
Овие стихозбирки и збирката раскази ги има на сајтот ,,МАКЕДОНИКА ‘ – тоа е прва он- лајн библиотека во нашата земја, каде читателите имаат можност да се дружат со стиховите и прозните дела. Се надевам дека во оваа година, ќе успеам да реализирам уште три нови проекти кои се во завршна фаза, се работи за два романи, и една стихозбирка.
Пишувањето ми е храна и лек…
Пишувам со големо задоволство и се надевам дека младите се повеќе ќе го следат патот во кој ќе се пронајде секој. Само образован човек може да се носи со предизвиците низ секојдневието, и може да одолее на налетот на безброј дилеми. Јас се трудам да го дадам најдоброто од себе, и да помогнам во издигнувањето на културната свест. Сето тоа ми причинува огромно задоволство.
Како јас ги создавам и доживувам сопствените дела…
Романот ,,АЊА” е мој прв роман , и да не го ставев насловот по главниот лик , ќе беше ,,ЉУБОВ “. Романот всушност ја доловува приказната за АЊА и нејзината мајка Гордана , кои ќе доживеат слична судбина , но која ќе биде среќна ?
Дали мајката која ќе остане сама , после љубовта со Иван , младо момче од Русија , или пак Ања , која ќе се вљуби во младиот ватерполист од Русија , Алексеј Григоров , кој ќе и го украде срцето , на брегот од Црногорското крајбрежје .Каква тајна крие нејзината мајка ?
Прочитајте во романот -првенец ,,АЊА ” кој топло ви го препорачувам .
Романот ,,Срце ” е мој втор роман , роман во кој симбиозата на љубовта и семејството ќе ја долови приказната за една љубов која ќе се роди на далгите на Охридското Езеро и ќе биде крунисана со брак , дента кога Тони Бојкоски (главниот лик ) во романот ќе ја круниса љубовта со Јасна , убавата девојка која живее во Германија , возејќи ја во невестински фустан на својот мотор низ центарот на Охрид , каде насмевката ќе зрачи од срцето на младата жена . Љубовта ќе продолжи да живее во Германија , се’ до оној момент кога Тони ќе ја избере погрешната страна на животот .Јасна останува сама со бебе кое е плод на таа љубов .
Што ќе се случи со младата жена и детенцето кое ќе го роди ?…
Прочитајте во романот кој топло ви го препорачувам, роман во кој ја оставив својата душа и има автобиографија.
Да се поминат илјадници километри во душата , пред светот да се живее со штит околу срцето , додека во тишина венее еден млад живот на раб на пеколот .
Младата Емилија која животот ќе ја однесе во рацете на младиот бизнисмен Делијан , кој за себе ќе си избере играчка , ќе ја стави на работ од животот младата жена , се’ до таа вечер , кога во казиното Фламинго во Гевгелија , ќе ја освои гласот на грчкиот пејач. Желбата да го види и танцот на кој несвесно се предава , ќе ги забележи човекот по кого таа ќе го изгуби здивот , бегајќи од Казиното, но не за долго .Тој ги остава сите , заминува по неа и утрото кое ќе се роди на пенливиот Егеј ќе ги пречека во прегратка младиот пар .Следат интриги, наслови во весници, обид за убиство. Како ќе заврши оваа љубов и дали Емилија ќе се ослободи од канџите на Делијан ?
Прочитајте во романот ,,СКАНДАЛ “, нема да се покаете.
Ваша Оливера Ширговска
Публицитет.мк