Да,токму така. Тешка и тмурна беше 2021 за сите нас. Многу луѓе ја изгубија егзистенцијата работата а некои за жал и своите најблиски и најмили. Отуѓеноста и далечината се продлабочија меѓу нас, луѓето. Пандемијата си го зеде својот данок. Но, сепак претходната 2021 нека остане зад нас како еден лош сон. Во Новата 2022 влегувам со надеж дека пак ќе бидеме тие старите со старите навики за дружби и радости. Со желби повторно да живееме слободно без никакви ограничувања , поделби и дискриминации. Да дишеме живот, да дишеме радост. Бидете дар едни на други. Бидете освестени, свесни и пред донесување какви било одлуки, размислувајте самостојно со своја глава.
Дали иамше нешто то во претходната 2021 што ме насмеа? Да, секако. И тоа мали нешта кои живот значат.
Нови луѓе, нови познанства. Луѓе вредни и достојни за секаква почит. Некои од нив можеби и доживотни пријатели. Луѓе со големо срце и полни со вредности.
Во секој случај , за мене минатата година , иако пандемиска и стресна беше една една од најубавите. Исполнета со прекрасни луѓе , полни со топлина и позитивна енергија . Едноставно кои ти цртаат насмевки, а ти само можеш да ги опишеш со еден цртеж – Сонце.
Малку на број ама имаше прекрасни патувања исполнети со многу радост, среќа и позитивни емоции.
Како заклучок на сето ова: луѓе сакајте се,почитувајте се, помагајте таму каде што е потребно и материјално и емотивно. Онолку колку ќе дадате и подарите од себе, толку е и Ваше. Не плашете се да им верувате на луѓето и да ја зборувате вистината. Не плашете се да ги искажете вашите чувства и не плашете се да бидете СВОИ И УНИКАТНИ.
На сите Ви ја честитам Новата 2022 година и Ви посакувам: здравје, љубов, многу насмевки и топли прегратки. Токму со оваа прекрасна песна за мене премногу значајна и емотивна, песна која има посебно место во моето срце и која остави трага засекогаш.
Се разбира еден и единствен неповторлив Оливер „Конфиденца“ .
Драги мои, чувајте се и уште еднаш среќна Нова!
Оливија Веруш, сопственик на Фарма – Нова од Струга
Публицитет.мк