• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

„Опција“ Охрид се бори против ХИВ/СИДА но и апелира до државата да не го крати Буџетот за оваа намена

декември 1, 2016
in Аргументи за

Денеска е 1 Декември, ден  за борба против ХИВ/СИДА кој се одбележува на мегународно ниво. Здружението на граѓани Опција, кое работи со  дневни центри на територија на  Охрид и Струга, фокусирани посебно со групи  кои се под најголем ризик, традиционално веќе неколку години по ред, во соработка со други организации, го одбележува овој ден со низа активности, едукации и тестирања  не само со целната група туку и со локалното население во Охрид и Струга.

Досегашното искуство и пракса ни покажува дека Опција Охрид нема детектирано лице заболено од ХИВ вирус што  е одличен показател дека целната група  е доволно информирана за тоа како се пренесува  вирусот и кој е  начинот на заштита. Македонија е земја со ниска ХИВ-преваленца односно вирусот е ставен под контрола благодарение на овие превентивни програми кои  се спроведуваат  во повеќе од 9 градови, со финансиска поддршка од Глобал Фонд –Женева, проект за борба против ХИВ/ СИДА, Туберкулоза и Маларија.  

stop sida

Оваа година, Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ, која ја сочинуваат  16 здруженија на граѓани, одлучија акцент да стават на важноста и значењето на овие сервиси и нивното опстојување  после заминување на донаторот  во јануари 2017 година.

По тој повод, денеска со почеток во 12.00 часот во Скопје е организиран протестен марш со цел да го изразиме нашето незадоволство од  донесување на скратениот буџет за националната програма за ХИВ, програми кои се од големо значење за повеке од 15 000 лица кои ги користат услугите, но исто така и програми кои се дел од областа на јавното здравје .

Ова нека биде само еден апел државата да ги препознае и поддржи овие хумани политики и да не дозволи да ни се случи она што им се случи на Романија и Грција, односно епидемија на ХИВ вирус.

Јулијана Настоска

Социјален работник, „Опција“ – Охрид 

Публицитет.мк 

Посетеност: 144
Share
Previous Post

Црвен крст – Охрид по повод Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА

Next Post

Во „Лотос Вита Чи“ во Охрид само денеска дегустација на „Божиќен колач“ – чај. Треба да се проба!

Next Post

Во „Лотос Вита Чи“ во Охрид само денеска дегустација на „Божиќен колач“ - чај. Треба да се проба!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 144

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk