Македонската опера и балет утревечер ќе гостува во Охрид со камерната комична оперска претстава, „Рита“ од Гаетано Доницети.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен крај.
Настапува млада солистичка екипа, која ја сочинуваат: Полина Тасева, како Рита, Јане Дунимаглоски, Невен Силјановски и Борко Биџовски
Режисер е Трајко Јордановски, а диригент, Ѓурѓица Дашиќ.
Екипата на МОБ претставата ја игра во хуманитарни цели. Парите од влезниците ќе бидат наменети за поплавените семејства во скопско!
Операта „Рита“утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се игра од 20 часот.
Публицитет.мк