
Општина Дебрца го потпиша Договорот за користење на ИПА грантот, во износ од 260.000 евра, преку Министерството за финансии.
Средствата се одобрени во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, компонентата ЕУ ИПА инвестициски грантови, финансирана од страна на ЕУ.
-Грантот ќе се искорити за реконструкција на две улици во село Мешеишта и набавка на механизација за Јавното комунално претпријатие.Покрај средствата од грантот на располагање ни се уште 10.000 евра од грантовите за успешност. По добивањето на согласноста за тендерската документација од Светска Банка, која ја очекуваме деновиве ќе започне тендерската постапка, а потоа и имплементација на проектите.
За очекување е дека до крајот на август оваа година проектите ќе бидат спроведени, вели градоначаникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.
Публицитет.мк






