До пладне целосно се исчистени патиштата до 27 села во општината Дебрца и улиците во повеќето села, вели градоначалникот Зоран Ногачески.
Ангажираната механизација работи на чистење уште на патните правци за селата Црвена Вода, Турје и Мраморец. Во некој од селата како на пример во Лактиње на жителите истовремено им е однесен леб и други производи,а според Градоначалникот Ногачески таква помош можат да очекуваат и малкуте жители од најодалечните краишта на општината.
Публицитет.мк