Со почеток во 18 часот, утре во голема сала на општина Охрид, ќе се организира трибина на тема „Семејно насилство и насилство врз жената“.
Предавачи на трибината ќе бидат претставници од Центарот за социјални грижи – сектор за превенција и невладини организации, а ќе се изврши и презентација на Истанбулската конвенција.
Извор: www.ohrid.gov.mk