• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Општина Охрид подготви нова Стратегија за развој на туризмот до 2025 година

февруари 12, 2021
in Актуелно
Општина Охрид подготви нова Стратегија за развој на туризмот до 2025 година

Како дел од Програмата за развој на туризмот, Оштина Охрид изготви нова Стратегија за развој на туризмот за периодот од 2020 до 2025 година. Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, согласно условите на Јавниот повик за изработка на овој стратешки документ, кој беше објавен во 2020 година.

Новата Стратегија за развој на туризмот е изработена врз база на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот. Документот е во согласност со основните принципи на УНЕСКО за заштитени подрачја, со националното законодавство за управување со заштитени подрачја како и со други погранични и регионални стратегии и планови за управување со природни ресурси.

– Развојот на Охрид како најпривлечна туристичка дестинација се темели на долгата традиција, посветеноста на менаџментските структури во управувањето со општината, засегнатите страни вклучени во оваа дејност и условите кои подразбираат поврзаност на атрактивната и рецептивната развојна основа. Одржливиот развој на туризмот во оваа туристичка дестинација има посебно значење затоа што ресурсите за развој се со изразита димензија.

Стратегиското планирање на туризмот во општината треба да ги валоризира и оптимално користи своите ресурси со оглед на богатството што го поседува, како во природната така и во културната сфера, што го определува како приоритетна категорија.

Одржливиот туристички развој треба да се прифати како дејност во која вреди да се инвестира, да се прецизираат придобивките од неговиот развој, да се подобри интересот на домашната и меѓународната јавност и да биде фундамент врз кој ќе се донесуваат други акти, планови и програми.

Стратегијата треба да придонесе за подобрување на квалитетот на живеење, подигање на нивото на задоволство од престојот на посетителите, перманентно унапредување на квалитетот на услугите, освојување на нови вредности, подобрување на промотивните активности и ширење на доменот на насоченост на туристичката понуда, пишува меѓудругото во апстрактот на драфт верзијата од новата Стратегијата за развој на туризмот.

Во текот на наредниот период траба да биде спроведена процедура за Оцена на влијанието врз животната средина на овој плански документ, по што ќе биде објавена целосната и финална верзија на стратегијата.

Извор: www.ohrid.gov.mk 

Посетеност: 122
Share
Previous Post

Доделени 52 таблет компјутери на ОУ „Братство – Единство“

Next Post

Заборавените Кирил и Методиј

Next Post
Заборавените Кирил и Методиј

Заборавените Кирил и Методиј

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk