Според објавата на веб страницата на Општина Охрид по пат на електронско наддавање ќе се издаваат две плажи во населбата Канео и уште три плажи на потегот од Охрид кон Пештани.
Почетна годишна цена на електронското јавно наддавање за плажа -Канео изнесува 90,00 денари по м2
Почетна годишна цена на електронското јавно наддавање за плажа-Плажа 1 изнесува 90,00денари по м2 .
Почетна годишна цена на електронското јавно наддавање за плажа-Плажа 2 изнесува 90,00денари по м2 .
Почетна годишна цена на електронското јавно наддавање за плажа-Плажа 3 изнесува 90,00денари по м 2 .
Право на учество имаат физички и правни лица кои ги задоволуваат критериумите објавени во јавниот оглас. Соте треба да поседуваат Банкарска гаранција за сериозност на понудата која изнесуваа 300% од вкупната почетна цена на годишната закупнина.
1. Јавното наддавање за плажа – Канео ќе започне на 04.07.2018 година, во 09.00 часот и истото ќе трае 15 минути;
2. Јавното наддавање за плажа – Потпеш ќе започне на 04.07.2018 година, во 10.00 часот и истото ќе трае 15 минути;
3.Јавното наддавање за плажа бр.1 ќе започне на 04.07.2018 година, во 11.00 часот и истото ќе трае 15 минути;
4. Јавното наддавање за плажа бр.2 ќе започне на 04.07.2018 година, во 12.00 часот и истото ќе трае 15 минути;
5. Јавното наддавање за плажа бр.3 ќе започне на 04.07.2018 година, во 13.00 часот и истото ќе трае 15 минути;
Огласот е отворен денеска а ќе трае еден месец а јавното наддавање по елетронски пат ќе се одржи на на 4 јули, информираат од Општина Охрид.
Линк до целата објава: