• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, мај 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Орав: Партиите да најдат решение за кризата во следните денови, а не недели или месеци

јули 1, 2016
in Актуелно

Европската Унија е длабоко загрижена поради политичката криза која наместо да се решава, се најде во ќор-сокак, соопшти денеска во Скопје евроамбасадорот Аиво Орав, придружуван од амбасадорите на земјите членки на Унијата.

– Помина повеќе од еден месец откако Собранието повторно се свика. За жал, не видовме прогрес за решавање на политичката криза во земјата. ЕУ е сериозно згрижена за ситуацијата. Ние сме едногласни во потребата политичките лидерите на земјата да се вклучат во отворен дијалог. Партиите мора да се согласат како понатаму да се имплементира Договорот од Пржино, вклучувајќи го и создавањето услови за веродостојни избори – рече Орав, читајќи ја заедничката изјава на европските амбасадори.

Евроамбасадорот истакна дека во изминатиот период е забележано сериозно кршење на владеењето на правото и порача дека тоа е спротивно на демократските принципи.

– Во изминатите месеци, владеењето на правото се соочуваше со многу предизвици, вклучувајќи го и помилувањето од претседателот на државата. Владеењето на правото е темел за силно демократско општество. Затоа, исто така е важно да се имплементираат реформските приоритети што ги предложи Европската комисија – рече евроамбасадорот.

Орав повтори дека работата на Специјалното јавно обвинителство не смее да се попречува и ги повика властите и институциите да престанат со опструкциите.

– Остануваме загрижени за проблемите со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство при својата работа. Ги повикуваме сите тела, особено партиите кои се согласија да се воспостави Специјалното јавно обвинителство, да престанат да го опструираат и да му дадат целосна поддршка. Исто така, сите проблеми со кои се соочува оваа институцијата мора приоритетно да се решат – порача Орав.

Во врска со одлуката на СДСМ да го замрзне своето учество во Собранието, евроамбасадорот рече дека тоа се коси со тенденциите за зајакнување на демократијата.

– Исто така, потсетуваме дека демократијата се зајакнува преку целосно учество во институциите, со што се осигурува нивно демократско функционирање и поголема внатрешна контрола и балансираност. Сите повторуваме дека Договорот од Пржино останува најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза. Веруваме дека во интерес на земјата и на нејзиниот евроатлантски пат е главните политички партии да договорат заеднички начин за излез од кризата во следните денови, а не во следните недели или месеци – рече Орав.

Извор: www.meta.mk 

Посетеност: 76
Share
Previous Post

Од денеска ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата

Next Post

SBS – Австралија: Со Олга Стружан – Метселар и нејзината ќерка Ариела Метселар

Next Post

SBS - Австралија: Со Олга Стружан - Метселар и нејзината ќерка Ариела Метселар

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 76

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk