• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ОСБСП со кампања „Како возиме на кружен“, а налето и со ученичка сообраќајна единица

февруари 25, 2016
in Тикер

Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, на својата вчерашна седница ја усвои Годишна програма за работа за 2016 година. Програмата за работа на ОСБСП, предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон сите целни групи-учесници во сообраќајот со цел подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид и едукација на сите целни групи.

Како што истакна м-р Стефан Димоски, претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, во Годишната програма се предвидени активности за афирмација и имплементација на Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот до 2020 година а посебен приоритет е ставен на изработка  на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Охрид, со што општина Охрид би била првата општина во Република Македонија што би усвоила ваков документ.

Во Годишната програма се предвидени низа проекти и кампањи за подигнување на безбедноста во сообраќајот и соработка со сите релевантни институции во општината,  со Републичкиот совет за безбедност, невладините организации, здруженијата, медиумите и други субјекти. Пред членовите на Советот беше презентиран Акциониот план за велосипедско поврзување  во градот во кој се предвидени идејните проекти за велосипедско поврзување на Охрид со Струга, со туристичката населба „Св.Стефан“ и проектот велосипедска патека за секоја охридска улица.

Претседателот Димоски кажа дека ќе се преземат  активности за реализација на проектот за формирање ученичка сообраќајна единица (избор на 10 ученици од сообраќајната струка при Електро-машинскиот училишен центар „Св.Климент Охридски“ Охрид и преку СВР Охрид нивна обука за регулирање и помош на учесниците во сообраќајот низ градот во периодот јуни-август, и изработка на соодветни униформи. Тој додаде дека се подготвува и проектот односно едукативната кампања „Како возиме на кружен“, во соработка со локалната, СВР Охрид, Авто-школите, медиумите (флаери, ЦД со видео анимација за правилно управување на возила на кружните текови).

Со цел поблиска соработка со Секторот за локален економски развој и непречена реализација на предвидени активности, на предлог на претседателот Димоски, за нов член на Општинскиот совет за безбедност е избран Илкер Мустафа, вработен во Секторот за локален економски развој.

Публицитет.мк 

Фото: Кружен тек – ФБ профил Градоначалник Бакрачески 

Посетеност: 74
Share
Previous Post

СВР – Охрид и угостителите на заедничка маса

Next Post

Акин Сезер: Во септември „Денови на Турција“, во октомври собир за конгресен туризам“

Next Post

Акин Сезер: Во септември „Денови на Турција“, во октомври собир за конгресен туризам“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 74

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk