Вчера, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески потпишал осум решенија за доделување субвенции за новороденчиња согласно новиот Правилник за доделување еднократна парична помош од Буџетот на општината.
Ногачески во изјава за „Публицитет.мк“ вели: -Субвенциите претходно беа одобрени и од Комисијата за финансирање и буџет на советот на општината.
Четири мајки родилки, кои се невработени, добија субвенција во износ од по 10.000 денари, а четири мајки родилки, кои се вработени добија по 6.000 денари или вкупно се доделени 64.000 денари.Новороденчињата да се живи и здрави, нека е за арно и да се множат.
Статистички гледано по две новороденчиња се од селата: Мешеишта и Требеништа и по едно новороденче од Лешани,Оровник, Ботун и Белчишта.
Публицитет.мк