• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

ОТКАЗ Граѓански активист жртва на постизборни политички притисоци и дискриминација!

февруари 22, 2017
in Аргументи за

Наставникот по македонски јазик, Владо Димовски, граѓански активист, учесник во Шарената револуција и генерален секретар на невладината организација „Центар за меѓуетничка толеранција“, добил отказ од политички причини од в.д. директорот на ОУ „Алија Авдовиќ“ во селото Батинци, општина Студеничани.

Уште во предизборието, поради неговата експонираност во граѓанскиот активизам, вели дека му бил намален фондот на часови, а по изборите, в.д. директорот Кенан Имери, член на ДПА и претседател на Советот на Општина Студеничани му дал отказно решение, без да ги образложи причините за тоа.

„Ми беа прво одземени два часа, како опомена за моите активности надвор од училиштето, активностите во Наставничкиот пленум, заложбите во медиумите за квалитетно образование, за на крајот на јануари, таа опомена со одземање на два часа – да прерасне и во отказно решение. Добив отказно решение без да биде наведена причината. А, во училиштето ‘Алија Авдовиќ’ работам од 2008 година. До денеска, не сум ниту опоменуван, ниту казнуван. Наспроти тоа, минатата година бев оценет со одлична оценка и од Државниот просветен инспекторат на интегралната евалуација и од советникот по мојот предмет од Бирото за развој на образование“, вели Димовски.
Тој смета дека в.д. директорот на Основното училиште „Алија Авдовиќ“ и етнички го дискриминира.

„Она што јас го почувствував како притисок од в.д. директорот Кенан Имери, сметам дека е голем чин на национална дискриминација, бидејќи во периодот додека работев таму, на голем дел на мои колеги кои се од албанска националност им беа издадени решенија, а на други колеги – не. И во последиве два месеца, од тоа училиште сме отпуштени четворица дипломирани професори, и сите припаѓаме на македонската заедница. На наше место се примени колеги од албанска националност, кои се со завршено средно образование, а ги предаваат нашите предмети“, реагира Димовски.
Тој во законскиот рок поднел жалба до Училишниот одбор, а денеска добил негативен одговор. Димовски е убеден дека и Училишниот одбор, којшто, вели, е еднонационален, ја прави истата грешка како и в.д. директорот.

„Според нив, не е извршена национална и професионална дискриминација во мојот случај. На претседателот на Училишниот одбор му е трансформирано работното место како на Албанец, иако не ги исполнуваше условите, а мене како на Македонец, ми беше одбиено барањето за трансформација на работното место“, забележува Димовски.

Во Наставничкиот совет, како што објаснува, поголем број се наставници од албанска националност, во однос на оние од македонска. Од вкупно 64 паралелки во училиштето, само 8 се со ученици од македонска националност. Тој лично спроведувал проекти за меѓуетничка толеранција меѓу учениците и како наставник имал голема соработка со родителите. Меѓуетничкиот соживот во селото смета дека треба да биде за пример за сите останати населени места во скопскиот регион.
Затоа, генералниот секретар на Центарот за меѓуетничка толеранција, Димовски има порака до граѓаните во општина Студеничани.
„Во ситуација кога Македонија подолго време е со кревки меѓуетнички основи, мојата порака до граѓаните на општина Студеничани е што поскоро да расчистат со ваквите националисти и оние кои што праќаат националистички пораки, преку откази, казнувања… И да се посветат на квалитетно образование. Родителите и граѓаните да бараат квалитетни кадри коишто ќе ги учат нивните деца“, порачува Димовски.

Камера: Атанас Петровски

Текст и монтажа: Моника Талеска

Извор: http://greencivil.mk/

Посетеност: 168
Share
Previous Post

Градоначалникот Бакрачески се сретна со директорот за развој на меѓународни проекти на ФК „Барселона“

Next Post

АЛПОЈО – Охрид: Ѓумбир, лек над сите лекови

Next Post

АЛПОЈО - Охрид: Ѓумбир, лек над сите лекови

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 168

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk