
Пристапот до подрачното одделение на Историскиот архив во Охрид е овозможен и за инвилидизирани лица, информира директорот д-р Никола Митровиќ.
-Патеката за инвалидизирани лица преставува донација од ЈП „Градски гробишта“ Охрид и во оваа пригода му се заблагодаруваме на директорот Ванчо Костоски, како и на вработените во ова претпријатие, вели Митровиќ.

Според првиот човек на Охридскиот архив, целта е да се овозможи еднаков пристап за сите граѓани.
-Сметаме дека во 21 век можностите треба да бидат еднакви за сите. Од таа појдовна точка тргнавме и ние како институција се со цел подобрување на условите на сите наши посетители, појаснува Митровиќ и најавувајќи дека во тек е и изработка на ограда околу самата институција која се очекува да биде поставена во најкус можен рок.
Публицитет.мк






