Вечерва во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ свечено беше отворена 59. Државна изложба на фотографии „ Денови на македонската фотографија Охрид 2021“ под покровителство на Фото сојузот на Македонија и Фото клубот „Охрид“.
Во рамките на манифестацијата најпрвин во големата сала на центарот за култура , со проекција на слајдови на фотографии од нивното творештво им беше оддадена почест на тројца неодамна починати членови на фото сојузот на Македонија: Душко Јованоски, Драган Тодоровски и Иљоски Емилијан Емчо.
Веднаш потоа на влезот пред центарот за култура за годинешната изложба говореше Председателот на сојузот Кирил Штрков а градоначалникот на Охрид ,Костантин Георгиевски со пригодни зборови ја прогласи изложбата за отворена.
Потоа беа доделени наградите во повеќе категории на најдобрите според жирито кое од пристигнатите над 400 фотографии од 70 тина автори ги избраа најдобрите 131 фотографија.
Наградените и останатите фотографии се поместени во големиот изложбен салон при центарот за култура. Изложбата ќе биде отворена до 10 јуни.
Ѓ.Симјаноски, Публицитет.мк