• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО СЕГАШНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА „РАДИО ОХРИД“

јули 20, 2016
in Аргументи за

За мене, а верувам и за многумина во Охрид, остана непознат моментот на преземање на медиумската куќа „Радио Охрид“ од претходниот приватен сопственик. До објавувањето на веста во медиумите, деновиве, не знаев дека сте сопственици на радиото кое е од особено значење за многу генерации наши сограѓани. Не знам дали имавте предвид што купувавте, колкава вредност (културна, историска, освен материјална) има „Радио Охрид“.

Радиото емитува програма скоро шест децении, тоа е неколкупати подолг период отколку што постои вашата компанија.

Снимени се материјали од непроценливо значење за Охрид, авторски емисии, разговори, контакт-емисии, секојдневно емитување вести и новости од градот, младински емисии, ноќни програми. Во радиото работеле неколку генерации, оттука излегле многу денешни новинари, општествени работници, претставници на културниот сектор, јавни личности итн. На „Радио Охрид“ се негуваше литературниот јазик, имаше презентери со најубава дикција и маркантен глас, имаше пријатни водители. Верувам дека дел од нив останаа и во овие тешки времиња, да се изборат за да опстои радиото.

Фреквенцијата од 89 MHz беше надалеку препознатлива, чист сигнал. Наутро почнуваше инструменталната верзија на „Билјана платно белеше“. Верувам дека и вие сте го слушале радиото. Не знам поради што е настанат застојот, зошто се третира „Радио Охрид“ на ваков начин. Доколку имате одредени потешкотии, зошто не излезете во јавност и да соопштите? Зошто мораше да дојде до ова? Првпат во своето постоење, радиото не емитува на познатата фреквенција. Информацијата дека нема сигнал ми ја сподели една пријателка, која беше загрижена, не ѝ беше јасно што се случува. По кратко пребарување на интернет, се појави непријатната информација дека радиото не емитува програма во етерот.

radio copy copy

Во ваша сопственост имате општествено битен медиум. Само архивата е од музејско значење (односно голем дел од неа, снимена многу одамна). Ве молам, ако ги почитувате сите овие стотици луѓе, кои поминале низ овој медиум, ако го почитувате и сакате Охрид, ако сакате и идните генерации да почувствуваат, да слушнат нешто убаво, да го спасите „Радио Охрид“. Имате можеби историска прилика, да бидете запаметени како оние кои го сочувале радиото. Верувам не би сакале да ве паметат како оние кои го исклучиле радиото. На вас останува, ако имате доблест, решителност, капацитет, да ја продолжите приказната на радиото. Ако не сте во состојба, нека се вклучат тука Општината, Министерството за култура, други институции, поединци, фирми, нека се состави некакво тело кое ќе се справи со кризата. Да се направи што треба за да се емитува повторно сигнал на познатат фреквенција.

Во изминативе три децении, скоро секојдневно ја слушав програмата на „Радио Охрид“. Наутро, пред одење на училиште, за време на ручек, со најновите вести и јавни информации, попладне, одредени емисии, навечер, преубавата музика за опуштање. Тоа е труд на една екипа, осмислена програма за секоја возраст, преку целиот ден. Можеби најубава локација во градот, веќе историска, препознатлива. Куќата се реновира неодамна, а сега да згасне радиото?! Нели е тоа своевиден парадокс?

Владимир Трајановски

Статијата е објавена во целост без редакциска и јазична интервенција.

Објавените текстови  во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.

„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.

Посетеност: 117
Share
Previous Post

Галерија „Букефал“: Јордан Манасијески претставен на првото триенале во Верона

Next Post

Заврши дваесет и осмата Поетска ноќ во Велестово ( преку збор и слика )

Next Post

Заврши дваесет и осмата Поетска ноќ во Велестово ( преку збор и слика )

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk